Есенска понуда за приклучување кон пан-државниот општински ГИС портал - iOpstina.mk

 

iOpština.mk е единствениот отворен WEB ГИС портал во Македонија, дизајниран и реализиран на начин да ги задоволи потребите од геопросторни информации и анализи на вработените во општинската администрација, државните институции, јавните претпријатија, бизнис заедницата и граѓаните.

Приклучете се оваа есен на пан-државниот општински географски информациски систем iOpstina.mk и почнете да го уредувате, пребарувате и анализирате општинскиот и државниот дигитален простор уште веднаш!

 

* Достапувате до јавните податоци на Општина Битола - првиот корисник на iOpstina.mk во Македонија. Во порталот влезете без најава.

 

 

Вашиот ГИС може да личи на зелка, доколку со вашите просторни податоци не почнете да управувате со помош на информатичките технологии.

И тогаш кога ќе одлучите да го направите тој чекор, ќе се соочите со најмалку 2 концепта:

1. Концепт „ЗАТВОРЕНА ЗЕЛКА*

Целата потребна инфраструктура ја набавувате самите (сопствена ГИС инфраструктура), а ГИС системот најчесто останува заворен за јавноста и бизнис заедницата.

Колку тоа чини?

2. Концепт „ОТВОРЕНА ЗЕЛКА*

Целата потребна инфраструктура ја изнајмувате кај нас, а по ваша желба, ГИС системот е веднаш достапен за јавноста и бизнис заедницата.

Колку тоа чини?

* Аналогијата на ЗЕЛКАТА со ГИС-от е симболична: Географските информациски системи (ГИС) заради нивната способност да чуваат и прикажуваат многу различни слоеви со податоци, често потсеќаат на лисјата од зелка кои меѓусебно се препокриваат во слоеви.

Единствена понуда до 30 октомври 2011

 

Наместо да трошите големи средства за набавка на сопствена ГИС инфраструктура, склучете со нас договор за наем на истата, а драгоцените средства инвестирајте ги во придобивање и изработка на вашите уште подрагоцени просторни податоци.

 

ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ?

  1. Со нас склучете договор за наем на ГИС инфраструктура за најмалку 12 месеци. Во зависност од бројот на жители во вашата општина, наемот изнесува од 107€ до 320€ на месец;

  2. Склучете и договор за наем на ГИС специјалист, кој ќе ви помогне во прибирањето и прилагодувањето на дигиталните податоци за објавување на сплетниот ГИС портал. Наемот зависи од бројот на закупени часа на месец. Основниот и најефтиниот закуп изнесува 216 € на месец;

  3. Ни давате овластување да ги обезбедиме достапните податоци од државните институции, вашите податоци ни ги предавате на обработка и во рок, обично не подолг од 60 дена, вашата општина може да ги подготви првите просторни анализи и извештаи преку сплетниот ГИС портал www.iOpstina.mk;

КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ* АКО СЕ ПРИКЛУЧИТЕ ДО 30 ОКТОМВРИ?

Доколку склучите договор за приклучување кон ГИС порталот iOpstina.mk до 30 октомври 2011:

  1. БЕСПЛАТНО добивате, 12 месечно користење на функционален модул за евиденција на бесправно изградените објекти (легализација) во рамките на основните функционалности на порталот iOpstina.mk STANDARD;

  2. Во рок од 60 дена ќе ви обезбедиме висококвалитетна сателитска снимка (од архива или ново снимање) од територијата на вашата општина или по ваша желба. Како овластени партнери на компанијата European Space Imaging - Digital Globe за Македонија, ќе ви ја понудиме по најниски промотивни цени.

* Придобивките по оваа понуда не се однесуваат за општините кои се веќе приклучени на ГИС порталот iOpstina.mk.

 

Јавете се на нашите контактни лица и побарајте да ве посетиме и да ви ја претставиме нашата технологија и понуда во живо!

 

ЕДНОСТАВЕН ПОЧЕТОК!!

6 чекори до вашите први објавени податоци на општинскиот ГИС портал:

 

 

АКТУЕЛНО

До крајот на годинава ќе биде донесен Законот за регистар на подземни градби и придружни инсталации. Покрај комуналните и другите управувачи со подземна јавна стопанска инфраструктура (ЈСИ), со овој закон најмногу ќе бидат засегнати општините. Нивната обврска ќе биде да ги обезбедат податоците од ЈСИ од целата општинска територија во рок од 12 месеци по донесувањето на Законот.

Според овој закон, порталот iOpstina.mk е 100% компатибилен со форматот на податоците за нивен пренос во збирниот регистар.

 
 

Контактирајте нè

 


Ирена Деловска, дипл.ек.
раководител на продажба

irena.delovska@geolink.com.mk
047 20 25 25

 



Петар
Ташковски, д.и.к.н.
директор

petar.taskovski@geolink.com.mk
047 20 25 20

 

Почитувани,

Доколку содржината на оваа понуда е надвор од подрачјето на вашиот интерес или надлежност, ве молиме да ја препратите на вашите соработници или на лицата во општинската управа со повисока надлежност од вашата (раководители на сектори за урбанизам и комунални работи, раководител на сектор за финансии, раководител на ИТ сектор и сл.)

Ви благодариме.

 

ГеоЛИНК д.о.о.., Стреја Нахмијас 5/II, 7000 Битола, тел. 047 20.25.20, 20.25.25, info@geolink.com.mk

посети на оваа страница: .:. број на единствени посетители: