Гео-инженерски весник бр. 1 (Септември, 2008)

AutoCAD Civil 3D

ИНЖЕНЕРСКА ГЕОДЕЗИЈА

Креирање на дигитален теренски модел (DTM) со увезување точки од .txt датотека

Дигиталниот теренски модел е незаменливо орудие за секоја гео-инжинерска работа. Било да сте геодет, геолог, проектант на патишта, железници или водотеци, рударски или комунален инжинер, ДТМ е основата врз која ги изработувате вашите решенија – од идеен до главен проект. Точноста на изработениот модел пред се зависи од точноста на мерењата добиени од терен (теодолит, тотална станица, GPS…). Голема улога во квалитетот на ДТМ има и алатката за генерирање и интерполација на теренот од влезните точки. Во нашиов случај ја проверивме функцијата за изградба на ДТМ која е вградена во програмата AutoCAD Civil 3D.

Во овој случај го зедовме школскиот пример за увезување геодетски точки кој доаѓа со програмата Civil 3D. Текстуалната датотека е претходно подготвена од страна на геометар во стандардно пропишан, т.н. PENZD формат. Овој формат е подетално опишан подолу. Civil 3D има вграден механизам за увезување на различни формати на геодетски податоци; ги распознава форматите на скоро повеќето модели од професионалните геодетски уреди (Magellan, Leica, Sokkia, Trimble, Topcon…). Доколку, пак, форматот на вашиот геодетски уред не е наброен во понудениот список, во Civil 3D едноставно го додавате врз основа на неговиот опис од упатството за употреба на вашиот геодетски уред.

Постапката за креирање на ДТМ во Civil 3D преку увезување на точки од текстуална датотека е следнава:

1. Отворете го C3D.

2. Поставување на метрички шаблон.

a) Кликнете на знакот + пред Drawing Templates за да се отвори дрвото на пре-дефинирани шаблони.

b) Десен клик на ­_AutoCAD Civil 3D (Metric) NCS Extended и селектираме Create New Drawing.

3. Поставување на параметрите од површината.

Откако ги дефиниравме метричките стандарди, пристапуваме кон креирање на DTM Surface, т.е. Дигитален Теренски Модел – Површина.

a) Десен клик на Surface и кликнуваме на Create Surface…

b) Во Dialog Box-от го впишуваме саканото име, на пр. Digitalen Terenski Model и кликаме на OK.

Сега ги имаме дефинирано сите параметри на површината што треба да ја креираме. Следно е креирањето на истата. Во нашиов случај тоа ќе го направиме преку .txt датотеката со геодетските точки од теренот.

c) Со кликање на + пред Surface и пред Definition доаѓаме до операциите кои ја дефинираат површината што ја креираме или уредуваме.

d) Со десен клик на Point Files, а потоа кликнуваме на Add.

e) Во отворениот разговорник го бираме предефинираниот формат PENZD (Space Delimited) кој одговара на форматот на .txt датотеката со геодетски точки од кои ќе креираме DTM.

PENZD (Space Delimited) е кратенка од:

P - Point Number (Број на точка)
Е - Easting (Исток)
N - Northing (Север)
Z - Elevation (Висина во точката)
D - Description (Опис на точката)
Space Delimited (вредностите на записот за секоја точка се меѓусебно одделени со растојание)

4. Креирање на површината

По одредувањето на форматот, ја отвораме датотеката Existing Ground Points - PENZD.txt која се наоѓа во C:\Program Files\AutoCAD Civil 3D 2008\Help\Civil 3D Tutorials.

5. Завршеток на постапката за генерирање на DTM

Доколку на екранот не се појави ништо, тогаш двокликнете на тркалцето од глувчето или одберете ја наредбата zoom extend за освежување на цртежот.

Конечниот резултат од нашата постапка е даден на долната слика.

 

Советите и техничките трикови се дел од образовниот програм кој ГеоЛИНК го изведува за своите слушатели според најновите Autodesk Official Training Coursware образовни програми. Наставата се одвива во опремени образовни центри во Битола и Скопје. За повеќе информации околу термините или за побарување за организирање наменски курсеви со прилагодена програма за вашите потреби, обратете се на нашите контактни лица.

Контактирајте нè за дополнителни информации

Од нашите актуелни понуди...

Ирена Деловска Николовска, дипл.ек.
раководител на продажба

irena.delovska@geolink.com.mk

047 20 25 25

Борис Ташковски, д.и.г.
технички директор и поддршка

AutoCAD Civil 3D Certified Expert
Autodesk REVIT Architecture Certified Professional
URBANO Certified Specialist
PLATEIA Certified Specialist

boris.taskovski@geolink.com.mk

047 20 25 20

АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

 

 

УСЛУГИ И РЕШЕНИЈА

Инфраструктурни оперативни катастри (подземен катастар)

Картирање на улично осветлување и друга општинска / комунална инфраструктура

Приклучете се на пандржавниот општински ГИС портал iOpstina.mk

Имате ли ќар од ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА?

 

ПРОИЗВОДИ

GeoLINK.NormaBUILD 4: Предмер, пресметки и калкулација на цени во градежништвото - на македонски!

CGS.PLATEIA 2016: Проектирање и реконструкции на улици и патишта

CGS.ELECTRA 2016: Проектирање далноводи

Studio.ARS.URBANO 9: Проектирајте водоводни и канализациони системи на лизинг

NITRO PDF 10 PRO

 

Следете нè

пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅ Facebook  пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅ Linked In  пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅ Google+  пїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ

ГеоЛИНК д.о.о., Стреја Нахмијас 5/II, 7000 Битола, тел. 047 20.25.20, 20.25.25, info@geolink.com.mk