Гео-инженерски весник бр. 1 (Септември, 2008)

CSoft WiseImage

AutoCAD Civil 3D

ИНЖЕНЕРСКА ГЕОДЕЗИЈА

Од скенограм до дигитален теренски модел

Големата количина на ситуации и карти во хартиена форма кои настанувале во последните пеесетина години во нашата држава се одлична подлога за изработка на ДТМ. Најчесто ваквите дигитализирани подлоги се идеални за идејни решенија и проектни студии, некои пак, дури и за изработка на главни проекти. Тие се рационален одговор на денешните скапи, современи техники и методи за прибирање теренски податоци (геодетски мерења, авиофотограметрија, LIDAR, итн) каде високата точност не е приоритет.

Сканирање

За дигитализација на карти ни е потребен сканер со што подобра распознавност (резолуција) и програмска алатка за претворање на скенограмот во дигитална форма. Во нашиов случај ситуацијата ја сканиравме во TIFF формат (600 dpi) и ја обработивме со програмата WiseImage од произведувачот, нашата партнерска фирма, CSoft. Дигиталниот модел на теренот го заклучивме со програмата AutoCAD Civil 3D.

Чистење

Првиот чекор после вчитувањето на скенограмот беше негово чистење. Чистењето е постапка при која на скенограмот му се одземаат боите и нијансите, најчесто пак, се чистат ситните точки и линии (шумот) кои настанале во постапката на оптичкото отчитување. Во одредени ситуации, боите на линиите можат да бидат корисни, бидејќи WiseImage знае автоматски да ги препознае, да ги дигитализира (векторизира) и да ги постави на соодветен слој (layer). Во нашиот случај сакавме да го доведеме скенограмот во црно-бела ситуација за подоцна да си ја олесниме работата со автоматското препознавање на контурите од изолиниите.

Векторизација

Векторизацијата на вака подготвениот скенограм е сега рутинска работа. Со наредбата за следење на растерските линии, WiseImage ги претвора во вектори. Кога ќе наиде на прекин, го чека корисникот да му „покаже“ во која насока е изолинијата за да продолжи со автоматската векторизација. Прекините на растерските линии се од различна природа: ознаки за висините, други ознаки во цртежот, прекини заради бришење (ретуширање, радирање), лоша подлога пред сканирањето (стари и не добро одржувани карти) и сл.

Доделување висини на изолиниите

За уште повеќе да си ја олесниме работата, пред почетокот на векторизацијата му зададовме на програмата WiseImage уште два параметри: првиот е дебелината на главните и споредните изолинии, кои всушност интерактивно ги измеривме на самиот растерски цртеж и му доделивме црвена, односно зелена боја за полесно разликување, а вториот параметар беше креирање на два слоеви во кои WiseImage автоматски ќе ги сместува векторизираните главни и споредни изолинии.
После завршената векторизација на сите изолинии, дојде „највозбудливиот“ дел од постапката: доделување на висина на векторизираните 3D-полилинии. Вредностите за висините треба да ги отчитаме од ситуацијата и со посебна постапка да им ги „нанесеме“ на изолиниите.

Постапката е многу едноставна и интересна: избираме било која изолинија чија висина ја отчитуваме од растерската ситуација и пред активирањето на наредбата ја внесуваме уште еквидистанцата, која повторно, ја утврдуваме од самиот цртеж. Програмата е толку интелигентна овде, да е способна самата да им ги додели соодветните висини на секоја изолинија како што го повлекуваме глувчето преку неа. Ако ситуацијата не е така комплексна, WiseImage ќе им ги додели соодветните висини на стотици изолинии само со два клика од глувчето: почетна и крајна изолинија.

Креирање на ДТМ

Со доделувањето на висините, всушност ја завршивме постапката на подготовка на ДТМ. Сега треба само да ги зачуваме сите векторски слоеви во DWG формат (или формат по желба, DGN, DXF…) и да го прикажеме и по потреба визуализираме добиенот модел на теренот во Civil 3D.

На горната слика е даден креираниот ДТМ во основа. Заприметуваме дека моделот е изграден од изолинии (поли-линии со доделени висини). На долната слика е претставен истиот тој модел во 3Д, а е изработен со методата TIN (триангулациска интерполација) во програмата AutoCAD Civil 3D.

 

Советите и техничките трикови се дел од образовниот програм кој ГеоЛИНК го изведува за своите слушатели според најновите Autodesk Official Training Coursware образовни програми. Наставата се одвива во опремени образовни центри во Битола и Скопје. За повеќе информации околу термините или за побарување за организирање наменски курсеви со прилагодена програма за вашите потреби, обратете се на нашите контактни лица.

Контактирајте нè за дополнителни информации

Од нашите актуелни понуди...

Ирена Деловска Николовска, дипл.ек.
раководител на продажба

irena.delovska@geolink.com.mk

047 20 25 25

Борис Ташковски, д.и.г.
технички директор и поддршка

AutoCAD Civil 3D Certified Expert
Autodesk REVIT Architecture Certified Professional
URBANO Certified Specialist
PLATEIA Certified Specialist

boris.taskovski@geolink.com.mk

047 20 25 20

АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

 

 

УСЛУГИ И РЕШЕНИЈА

Инфраструктурни оперативни катастри (подземен катастар)

Картирање на улично осветлување и друга општинска / комунална инфраструктура

Приклучете се на пандржавниот општински ГИС портал iOpstina.mk

Имате ли ќар од ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА?

 

ПРОИЗВОДИ

GeoLINK.NormaBUILD 4: Предмер, пресметки и калкулација на цени во градежништвото - на македонски!

CGS.PLATEIA 2016: Проектирање и реконструкции на улици и патишта

CGS.ELECTRA 2016: Проектирање далноводи

Studio.ARS.URBANO 9: Проектирајте водоводни и канализациони системи на лизинг

NITRO PDF 10 PRO

 

Следете нè

пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅ Facebook  пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅ Linked In  пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅ Google+  пїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ

ГеоЛИНК д.о.о., Стреја Нахмијас 5/II, 7000 Битола, тел. 047 20.25.20, 20.25.25, info@geolink.com.mk