Гео-инженерски весник бр. 7 (Мај, 2014)

Autotodesk REVIT

АРХИТЕКТУРА, ИНЖЕНЕРИНГ, ГРАДЕЖНИШТВО

BIM (Building Information Modeling) – Информациско моделирање на објекти

...Не постои ништо потешко да се превземе, поопасно да се управува, и понеизвесно во својот успех од тоа, да се превземе водечка улога во воведувањето на нов поредок на нештата...

- Макијавели, 1513

Глобалната AEC (Architecture, Engineering, Construction) индустрија е под секојдневен притисок да ги исполни барањата на клиентите во согласност со прописите, како и барањата на јавноста за одговорност и транспарентност.

Архитектите, проектантите, инженерите, градежниците во целиот свет бараат начини да создадат подобар дизајн. Од нив се очекува да го предвидат влијанието на нивните проектни решенија врз животната средина, преку анализа, а подоцна и преку подобра комуникација, соработка и документирање на тие проекти денес и во текот на целиот животен циклус на изградениот објект.

Овие упатени барања до AEC индустријата доаѓаат од клиентите кои бараат подобри начини за остварување на денешните предизвици за одржлив дизајн, инвестиции во инфраструктурата, глобализацијата, како и државната контрола. Понов предизвик со кој се соочува AEC индустријата е глобалниот фокус на инвестициите во инфраструктурата и економската потрошувачка.

Како AEC индустријата да одговори на овие предизвици, а во исто време да ги исполни барањата на државата за зголемување на транспарентноста и одговорноста?

BIM портфолиото на произведувачот Autodesk темели врз координирани податоци и информациски модели создадени со високотехнолошките производи Autodesk Revit и AutoCAD Civil 3D. Тоа се алатките кои на AEC професионалците им помагаат да одговорат на споменатите предизвици.

BIM портфолиото вклучува широк спектар на апликации, вклучувајќи AutoCAD, AutoCAD-базиран софтвер за изработка на документација, концептуален 3D дизајн и планирање на инфраструктурата, AutoCAD LT - софтвер за професионално цртање, алатки за симулација и анализа, како што се Navisworks и Ecotect, професионални технологии за визуелизација, како што е 3ds Max Design, и алатки за соработка и управување со информации, како што се Buzzsaw, ConstructWare и Topobase.

Информациското моделирање на објекти - BIM - е трансформирање на AEC индустријата со нови начини на испорака и управување на проектите, како и рушење на бариерите и премостување на проширената комуникација меѓу тимовите, со цел да се обезбедат доследни и веродостојни информации во рамките на проектот.

BIM овозможува подобро разбирање на проектот, подобра соработка врз него, како и богата визуелизација. BIM, исто така, помага да заштедиме време и пари преку избегнувањето на повторната изработка на проектот, како и зголемена продуктивност и ефикасност. Autodesk портфолиото на BIM производи го овозможува она што никој друг не го може – комплетен пакет на решенија, од дизајн до изградба и реновирање, кој обезбедува вистинска конкурентна предност за корисниците. BIM им овозможува дизајн и анализа на иновативни проекти, подобра визуелизација и симулација на реалниот изглед на објектот и неговта околина, перформансите, цената и најпосле, да произведе точна документација од нивната работа.

Нова парадигма

Најголемиот дел од времето поминато врз еден проект е во деталното дизајнирање и изработката на проектните фази, иако генералниот надворешен изглед и трошоците на објектот се фиксни и познати уште во раниот период на изработка на концептуалниот дизајн. Бидејќи концептуалниот дизајн е толку пресуден за конечниот дизајн на објектот, логично е да постои постојан проток на информации за дигиталниот модел од самиот почеток, па се до завршната фаза. Сепак, алатките за концептуално моделирање и алатките за детален дизајн, обично се одделни средини (неповрзани софтверски решенија), па како резултат на тоа, изработените модели немаат поврзаност, што резултира со дискоординација.

Тука се јавува новата парадигма наречена BIM, која се залага за изградба на информациски модел од објектот. За разлика од „класичното“ CAD дизајнирање / проектирање, каде со помош на едноставните ентитети - точка, линија, полигон - го креираме геометрискиот изглед на објектот, кај BIM моделирањето мислиме на сложени објектни ентитети богати со информации за ентитетот (ѕидот, вратата, столбот...) и нивната меѓусебна корелација, а собрани заедно сочинуваат еден вистински дигитален модел кој може да се види од било која гледна точка, графички или информациски.

Кога градиме вистински објект или BIM објект, употребуваме ресурси со вистински димензии, материјали и облик. И двата изгледаат исто, онака како што ќе ги видиме во виртуелната средина, но само BIM објектот може лесно да се измени. Всушност, може многу побрзо да се измени изградбата или формата на виртуелен објект во BIM околина, отколку со 2D CAD софтвер, бидејќи објектот во BIM околината е моделиран во 3D и претставува должина, висина, облик, материјали и информации, додека објектот изработен (исцртаан) во 2D CAD софтвер е едноставно пар линии без динамичка искористеност или систем информации поврзани со нив.

ЗОШТО BIM?

  1. Клиентите почнуваат да го бараат,

  2. Повеќе од 50% од проблемите му се припишуваат на лошото управување со податоците,

  3. Ефикасното управување со податоците е клучно за доставување на квалитетни проекти,

  4. Ако не се прилагодите, останувате во изолација.

КОРИСТИ ОД BIM

  • подобра визуелизација

  • подобрена продуктивност поради едноставна промена на информации

  • подобра координација на сите проектни документи

  • додавање и поврзување на клучните информации (спецификации на материјали, локацијата детали и параметри кои се потребни за пресметка на количина и цена)

  • намалување на трошоците

  • зголемена брзина на испорака

  • поголема ефикасност

  • целокупно зголемување на квалитетот на проектната документација

BIM имплементација

Воведувањето на овој концепт во организациите започнува со неговото прифаќање од страна на највисокото раководство. Тоа треба да биде стратешка деловна определба. Не станува тука збор за определба за набавка и инсталација на некакви „софтверчиња“ за проектирање, со кои ќе бидат запознати само компјутерски „најписмените“ во организацијата, туку се работи за комплексна промена во начинот на размислување и досегашниот однос и пристап до проектирањаето во обично некоординираните инженерски тимови. BIM моделот не е ништо друго, туку 3D претстава на физичкиот објект со сите негови детали и информации за фазите од изградбата, уште пред тој да биде изграден! Ваквиот пристап во проектирањето, кое се повеќе ќе го заменуваме со терминот моделирање, дефинитивно ги намалува трошоците на изградбата, бидејќи повеќето проблеми се воочуваат и откриваат уште во фазата на подготовката на моделот. Моделот е сочинет од повеќе подмодели од различни дисциплини, но секако е дека основниот започнува со архитектурата. Документацијата како производ на проектирањето е со овој концепт сведена на кликнување врз едно копче. Нема повеќе макотрпни и долотрајни корекции во неа - ако инвеститорот посака измени во проектот „пет-до-дванаесет“ или ако се појават непредвидени ситуации на терен - едноставно се корегира моделот, и заради взаемноста која владее помеѓу сите негови ентитети (параметарски врски, информации за ограничувањата, соседноста и сл.), документацијата само се препечатува со сите измени за кои се грижи апликацијата. Ова е многу добро графички објаснето на следниов дијаграм.

Хоризонталната оска на дијаграмот означува време на животниот сиклус на објектот, од фазата на пред-проектирање до фазата на изградба, а вертикалната пак, количината на напор или учинок потребни за изработка на одделната фаза.

  1. Зелената линијата (1) прикажува еден типичен „класичен“ проект, при што, како што се оддалечуваме од идејното решение, преку изработката на документацијата па се до конструктивната / изведбената фаза, јасно е дека влијанието врз трошоците и функционалните способности се намалуваат.

  2. Црвената линија (2) е инверзна на првата: трошоците за било каква измена се повеќе и повеќе растат како што се приближуваме кон конструктивната фаза.

  3. Црната линија (3) го прикажува традиционалниот процес на проектирање во кој се употребуваат класични CAD алатки и каде фокусот и енергијата на главнината на проектните тимови е насочена во изработката на документацијата (нели е тоа нивни производ), но многу малку пак, откако документација ќе биде испечатена и запакувана. Ова значи дека секоја измена во проектот во оваа па дури и во фазата на изведба ќе чини многу!

  4. Сината линија (4) го прикажува посакуваниот процес на проектирање. Во околина каде повеќе дисциплини и деловни чинители (инвеститори, архитекти, изведувачи) се собрани заедно уште во раните фази и каде се поставуваат јасни цели, посакуваниот пристап во проектирањето ќе го помести вкупниот напор порано во проектниот циклус, каде се троши повеќе време за донесување подобри одлуки. На овој начин и соработка која темели врз информацискиот модел (BIM) како катализатор, изработката на документацијата станува производ кој се добива со обичен клик на едно копче.

Воведувањето на BIM во вашата организација започнува со избор на консултант, кој најпрво ќе ви препорача соодветна технологија. ГеоЛИНК ви препорачува да ги користите следниве алатки од произведувачот Autodesk: Autodesk REVIT Architecture за архитектурно BIM моделирање, Autodesk REVIT Structure за конструктивна доработка на архитектурниот BIM модел, Autodesk ROBOT Structure Analyzer за статички и динамички пресметки на конструктивниот модел и AutoCAD Civil 3D за BIM моделирање на објекти од нискоградбата. Сите овие алатки произведуваат (суб)модели кои лесно се интегрираат во еден модел. Воведувањето понатаму продолжува со помош на консултантот, кој за вас ќе изработат план за воведување, ќе ја оцени и одбере носечката инженерска група со чија помош ќе се изработи првиот пилот проект и ќе ви понуди образование за работа со наброените алатки.
 

Советите и техничките трикови се дел од образовниот програм кој ГеоЛИНК го изведува за своите слушатели според најновите Autodesk Official Training Coursware образовни програми. Наставата се одвива во опремени образовни центри во Битола и Скопје. За повеќе информации околу термините или за побарување за организирање наменски курсеви со прилагодена програма за вашите потреби, обратете се на нашите контактни лица.

Контактирајте нè за дополнителни информации

Од нашите актуелни понуди...

Ирена Деловска Николовска, дипл.ек.
раководител на продажба

irena.delovska@geolink.com.mk

047 20 25 25

Борис Ташковски, д.и.г.
технички директор и поддршка

AutoCAD Civil 3D Certified Expert
Autodesk REVIT Architecture Certified Professional
URBANO Certified Specialist
PLATEIA Certified Specialist

boris.taskovski@geolink.com.mk

047 20 25 20

АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

 

 

УСЛУГИ И РЕШЕНИЈА

Инфраструктурни оперативни катастри (подземен катастар)

Картирање на улично осветлување и друга општинска / комунална инфраструктура

Приклучете се на пандржавниот општински ГИС портал iOpstina.mk

Имате ли ќар од ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА?

 

ПРОИЗВОДИ

GeoLINK.NormaBUILD 4: Предмер, пресметки и калкулација на цени во градежништвото - на македонски!

CGS.PLATEIA 2016: Проектирање и реконструкции на улици и патишта

CGS.ELECTRA 2016: Проектирање далноводи

Studio.ARS.URBANO 9: Проектирајте водоводни и канализациони системи на лизинг

NITRO PDF 10 PRO

 

Следете нè

пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅ Facebook  пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅ Linked In  пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅ Google+  пїЅпїЅпїЅпїЅ пїЅпїЅ пїЅпїЅпїЅпїЅпїЅпїЅ

ГеоЛИНК д.о.о., Стреја Нахмијас 5/II, 7000 Битола, тел. 047 20.25.20, 20.25.25, info@geolink.com.mk