Гео-инжинерски технички ден во Велес
 

Опуштениот амбиент што го нуди хотелот и езерската околина околу него, како и вистинското пролетно време тоа утро, во 8:30 часот ги отвори вратите за 90-те учесници кои дојдоа од сите краишта на државата.

Идејата на настанот беше на нашите посетители да им се претстават програмските технологии кои многумина веке ги запознаа на ГЕД ланската година во Скопје но, овојпат, од технички видик. Програмата на семинарот беше обемна, а малите технички потешкотии што ги имавме на почетокот и во текот на семинарот само ни го отежнаа ритамот по кој се редеа презентациите и дополнително ни го „скратија“ времето што ни беше дадено на располагање. Сепак, семинарот успешно го заклучивме – како што можевме да заклучиме и од забелешките на посетителите искажани во анкетите, семинарот ја постигна својата цел.

Настанот го отвори директорот на ГеоЛИНК Петар Ташковски, кој изнесе важни и клучни моменти за содржината на семинарот, покажа референтни проекти од областа на гео-инжинерството и GIS технологиите и им ја укажа на присутните важноста од користењето електронска пошта преку интересна анегдота „за момчето што барало работа во Microsoft, а сеуште немало своја електронска пошта“*.

* ГеоЛИНК има желба уште повеќе да го популаризира и масовизира користењето на е-поштата во Македoнија и ја воведува е-комуникацијата со своите корисници и странки како најефтин, најбрз и најефикасен начин на комуникација.

„Гео-инжинерски технички ден“ во Велес

На 29 февруари 2008 во хотелот Романтик, на бреговите на велешкото езеро Младост, ГеоЛИНК ќе организира БЕСПЛАТЕН еднодневен стручен технички семинар за македонската гео-инжинерска стручна јавност.

Резервирајте си го уште денес датумот
29. февруари 2008
за „Гео-инжинерскиот технички ден“ во Велес!

Генерален покровител на настанот е

„Гео-инжинерски ден“ во Скопје

На 17. октомври 2007 во бизнис салата на Мулти Бизнис Центарот на Скопски саем во Скопје (ул. Беласица 2), ГеоЛИНК ќе организира БЕСПЛАТЕН еднодневен стручен и промотивен настан за македонската гео-инжинерска стручна јавност.

Резервирајте си го уште денес датумот
17. октомври 2007
за „Гео-инжинерскиот ден“ во Скопје!

Генерален покровител на настанот е